Додека меѓу Албанците се случува вистински „помо“ кога ево прашање заразеноста со Ковид 19, што се докажува со бројките од Липково, Сарај, Шаир, Бутел итн. ДУИ се интересира за нешто сосема друго. Албанците не се рамноправни на институционално ниво и треба да се стави крај на етничкиот монопол на премиерската функција, тврди евроинтегративецот Бујар Османи. Додава дека не се работи за предизборно додворување на гласачите.
– Ние денеска ги повикавме сите албански партии, особено на Албанците, да се обединиме за оваа идеја, бидејќи ова е натпартиско прашање со кое се руши последната бариера на неправда во оваа држава каде што се уште постои етнички монопол и предрасуда за функцијата премиер.
Османи вели дека досега сите амбициозни цели како партија ги оствариле, а меѓу нив ги вбројува министерските позиции, изборот на Талат Џафери за собраниски спикер и законот за јазици како последен приоритет за нив од Охридскиот рамковен договор.
– Сметаме дека сега е време да се избере првиот премиер Албанец, со што ќе има континуитет во успесите за рамноправност која се уште не е целосна во оваа држава, но имајќи ги предвид чекорите од претходно вклучувајќи ги прв министер за одбрана, прв министер за внатрешни работи, претседател на Врховен суд, народен правобранител, претседател на Собрание, сега е логичен след.
Идејата прв ја пласираше Али Ахмети, на што веднаш „истрча„ загрижениот патриот Заев кој порача дека ако СДСМ победи, тој ќе биде премиер. Всушност, станува збор за пресметка на СДСМ и ДУИ во поглед на гласачкото тело од албанска националност, бидејќи анкетите покажуваат дека СДСМ и ДУИ водат „мртва трка“ меѓу Албанците. Истовремено, ДУИ ја користи оваа ситуација за да ја крене „цената“. Тие пак, уживаат во „слободата“ која се нарекува непочитување на државата и слободно го шират Ковид 19 меѓу себе.