Видот на вирусот што сега се појави во Пекинг всушност е главниот вид на вирусот што е доминантен во европските земји, јави радиот „Кри онлајн“.
Главниот епидемиолог на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Ву Кунџу, тврди дека „вирусот очигледно пристигнал во Кина и Пекинг од странство“.
Во интервју за ЦГТВ, кинескиот епидемиолог кажа дека е јасно дека „новиот вид на вирусот веројатно дошол од САД или Русија“.
Европскиот вид на вирусот е преовладувачки во многу други земји, но не и во Кина, додаде тој.
Од 11 до 16 јуни во Пекинг се пријавени 137 нови случаи на коронавирус, а повеќето се поврзани со кванташкиот пазар Синфади во округот Фенгтаи.