Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше дел од финалето на Купот на Италија против Наполи одиграно вчеравечер во Рим. Јувентус загуби на пенали со 2:4.
Португалецот за прв пат во клупската кариера загуби две финале во низа.
Во декември 2019 година, Роналдо како дел од Јувентус загуби од Лацио (1:3) во дуелот за италијанскиот Суперкуп.
Јувентус и Роналдо веќе 2 години го немаат освоено Купот на Италија. Клубот без Роналдо го освојуваше трофејот во ова натпреварување четири години по ред.