Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје преку Фејсбук ги повика иселениците да дојдат и да гласаат за Албанец премиер и се пофали дека укинувањето на протоколите препорачани од Светската здравствена организација односно приложување на негативен тест и 14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.
-Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер, вели Зибери.