Економијата е наука и ако некој не умее да ја стави во полза на граѓаните, тогаш тој некој може да стане економски убиец на својата земја. Ете, токму тоа нам ни се случува последниве три години. Од ова економско убиство на Македонија ќе ни страдаат поколенијата, тврди Дафина Стојаноска, носителката на листата во Шестата изборна единица од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа треба сериозна обнова. Обнова која нема да им остави долгови на нашите деца за утре, истовремено денес давајќи им или повторно ветувајќи им некакви ваучери. Тие ваучери не се милостина, ниту економски изум на оваа власт. Ваучерите се од нашите џебови и за нив сите ние ќе враќаме долгови, вели Стојаноска.
Таа вели дека ни треба сериозна обнова која ќе донесе рамен данок од 8% и данок од 0 отсто за младите до 29 години.
-Обнова после која повторно ќе се искачиме на врвот, меѓу најдобрите. Ние тоа навистина можеме, знаеме и сакаме да го направиме. Лесно се гради иднина кога се сака татковината.
На 15-јули да избереме повеќе за сите и за татковината. Заокружете 14! – порача Стојаноска.