Во петтократен недостиг на сопствена победа, зачинета со 5 девастирачки и последователни порази рамни на дебакл, на Венко Филипче и неговата СДС екипа им стана навика инфантилно да се радуваат на туѓите победи, пишува Курир во својата анализа за „радостите на Филипче“
По славењето на победата на Маѓар, следуваше журката за онаа на Радев, а сега очекувано се израдуваа и на победната на „Студентската листа“ во Србија.
Во стилот на гладна кокошка која просо сонува, Филипче и сега посака да се прелеел бранот на промени. Со рејтинг на масленост на млеко од нешто над ТРИ НАСТО и партиска провалија од ЧЕТИРИ НАСПРЕМА ЕДЕН со политичкиот опонент, Венко со преголема, нејсе тотално неоснована желба за власт и стандардните многу навреди и уличен вокабулар си посака:
„…Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група.“ стои во дел од луцидната, злорада и самобендисана честитка на претседателот на СДС, Венко Филипче.
Ова доаѓа од човек чиј најголем страв бил предвремени избори, затоа што знаел дека по нив ќе мора да замине од тронот кој и онака само го чува. А толку мерак во него…
Неговиот политички опонент неколкупати порача дека ако опозицијата сака и е спремна на тоа, за ВМРО-ДПМНЕ не е проблем да се оди на предвремени парламентарни избори.
Проблемот е што Македонија ја има единствената опозиција во светот која на сака избори.
Партија која поразот од 4:1 во Брвеница го прогласи за победа.
Направија која недоветно како свои слави три победи од соседството.
Од извори блиски до Бихаќка дознаваме дека Венко и СДС се спремаат за нова журка.
За две недели била закажана нова прослава.
Тогаш бил вториот круг на претседателските избори во Бугарија.
На Радев Венко му честиташе уште пред да излезат официјалните резултати.
Аирлија славја и честитики.
П.С: За свое славје, велат, ќе почекале уште многу години. Секако, ако воопшто опстојат како партија…
Извор: Курир




