Пред еден час, грчките погранични службеници повторно го затворија копнениот премин „Евзони“.

Од граничниот премин „Богородица“ ни ја потврдија одлуката на нивните колеги од спротивната страна и само кажаа дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.

Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.

За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.