Екипата на Челси вчеравечер загуби од Вест Хем во мечот од 32. коло од шампионатот на Англија (2:3). За тимот предводен од Френк Лампард, овој пораз беше 10-ти оваа сезона.
Според „Опта“, само во сезоната 2015/16, „сините“ загубија поголем број пати во Премиер лигата во ерата на Роман Абрамович.
Рускиот бизнисмен го купи Челзи во 2003 година. Неговиот тим пред четири години претрпе 12 порази и сезоната 2015/16 ја заврши на 10. место.
Оваа сезона и покрај двоцифрениот број загубени средби, Челзи има изгледни шанси да се најде помеѓу четирите најдобри и со тоа да избори учество во Лигата на шампионите.
По 32 кола тимот е на 4. место со 54 бода.