Лицата кои влегуваат во Црна Гора од Србија ќе бидат во карантин, одлучи синоќа црногорското Национално координативно тело за инфективни болести (НКТ).
Тоа тело воведе неколку епидемиолошки мерки за цела Црна Гора, особено за северниот регион.
„Поради развојот на епидемиолошката состојба во Република Србија, решено е сите лица што влегуваат во Црна Гора од таа земја да бидат испраќани во карантин“, соопшти црногорската Влада.
Во соопштението се додава дека „стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора, бара најстрог епидемиолошки надзор“.
„Затоа, лицата кои влегуваат во Црна Гора од Република Србија, нема да бидат испраќани на домашна самоизолација до понатамошно известување, туку исклучиво на карантин во објектите определени од државата за таа мерка“.
НКТ одлучи дека градинките во Црна Гора повторно ќе бидат затворени од денеска, а угостителските објекти ќе бидат отворени до полноќ.