Идејата за прв премиер Албанец во Република Северна Македонија, ДУИ не ја предложил за да се шегува, рече вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети од „Плоштад Македонија”, во Скопје.
– Ние ова идеја сме ја предложиле за да ја материјализираме и така ќе биде затоа што е легитимно право, неприкосновено право на Албанците. Но, жалам зошто моите колеги Македонци се однесуваат со ваква паника, зошто не излегуваат на дебата, зошто не се соочуваат со Насер Зибери. Со Насер Зибери не се соочуваат заради тоа што им фали знаењето на Насер Зибери. Насер Зибери на соочување оди на природен начин, не со тендеција. Тој оди да ги брани интересите. Од овде барам од младите Албанци, од мисионерите Албанците на 15 јули да ми го дадат мечот и ќе видите како ќе ги ставам во функција моите раце, рече Ахмети.
Во својот говор пред присутните Ахмети вечерва, истакна дека досега не изгубил ниту една борба затоа што мечот му го давале војниците, патриотите и мисионерите.
Воедно тој додаде дека е горд што во тек на изминатите 18 години ја факторизирале и зацврстиле вербата дадена од Албаницте.
– Албанците ги факторизиравме во сите насоки, почнувајќи од образованието, култура, здравство. Исто така и во спомен на историјата и гордоста. Тие што страдале мене ми кажуваат дека кога дошле во клиниките во Скопје ги гледале како странци, но денес се примат и лекуваат од најдобрте деца кој се во служба на нивното здравство. Во сите институции каде некогаш биле потцените и презирани, во администрација од Струга, до Липково и Куманово, се примаат од нивните синови и ќерки кој им служат. Ова е зацврстување на достоинството и идентитетот, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Ахмети кој е носител на ИЕ 6 вечерва, исто така, истакна дека тие никогаш не се откажале од работата и барањата за поголема еднаквост меѓу ентикумите што живеат тука.
-Борбата и обидите никогаш нема да престанат од наша страна. Нема да застанеме затоа што многу сум убеден дека ние како што сме усепеале во минатите две декади, толку поуспешни ќе бидеме со новата енергија која веќе дејствува во ДУИ. Ова ги има ставено во паника сите наши конкуренти затоа што знаат дека соочувањето со нас не е лесно. Но ние воопшто не се грижиме за стравот и паниката што тие ја имаат. Ние заклучивме големи работи кои нашето место го прават постабилно, поцврсто, заклучивме една голема аспирација на Албанците, членството во НАТО и отворивме пристапни преговори со ЕУ, потпишавме Договор за добрососедски односи со Бугарија, изјави Ахмети.
Во периодот што престои според него државата ја очекуваат големи задачи, со кои тие се подготвени да се соочат.