За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР.
За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.
Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас.
Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.
После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.
Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации.
За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 20-30 денари, не се интубираат,се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.
Респиратор или маска?
ТИ ОДБИРАШ ШТО ЌЕ НОСИШ