Германската биотехнолошка компанија „Бајонтек“ и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објавија дополнителни податоци за нивната експериментална вакцина против Ковид-19, според кои вакцината е безбедна за употреба и кај оние што ја примиле предизвикува имунолошки одговор.

Двете компании соопштија дека вакцината доведува до висок степен на одговор на Т лимфоцитите на вирусот, а новите откритија се резултат на студија во која учествувале 60 здрави доброволци во Германија по раната фаза на тестирање во САД.

Слично како претходно во САД, резултатите од оваа студија покажале дека волонтерите кои примиле две дози од вакцината подоцна развиле антитела во организмот кои го неутрализираат дејството на вирусот.

По објавувањето на новите информации за оваа експериментална вакцина, акциите на „Бајонтек“ во САД забележаа пораст од 12 проценти, додека вредноста на акциите на „Фајзер“ се зголемила за 3,6 проценти.