Повторниот раст на бројот на нови случаи на коронавирус регистриран од страна на некои европски земји во последните неколку недели е предизвикан од промените во мерките за социјално дистанцирање, изјави денеска портпаролката на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сара Тајлер.

Според неа, ризикот од повторна појава и ширење на болеста ќе продолжи и треба да биде „одржливо контролиран со ригорозна примена на јавноздраствените мерки, бидејќи вирусот циркулира меѓу и во рамките на земјите“, пренесе Тасс.

-Ние им препорачуваме на сите влади да продолжат со тестирања, следење, лекување и изолација, да го следат растот на нови случаи и повторно да воведат построги мерки, доколку е потребно, со целосно вклучување на заедниците. Клучно е и одржувањето на основните здравствени услуги, рече Тајлер.

Тааа потсети дека успехот зависи од целото општество.

-Покрај тоа, секоја индивидуа би можела да придонесе во овие напори следејќи ги санитарните регулативи, како што се миење на рацете, чување на безбедно растојание од другите и носење маска – таму каде што е можно, рече Тајлер.