Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека Велика Британија ќе биде послаба доколу се раскине унијата на четирите нации. Тоа е уште една негова изјава со која се противи на сè погласните повици за независност на Шкотска.
Несогласувањата меѓу четирите конститутивни нации – Шкотска, Велс, Северна Ирска и Англија – во однос на справувањето со коронавирусот дополнително им наштетија на меѓусебните односи, нарушени од Брегзит. Тоа посебно се однесува на Шкотска, која гласаше против излегување од ЕУ. Најновите анкети покажуваат мало, речиси, незаначително водство на оние кои се за независна Шкотска наспроти оние кои се за продолжување на 300-годишната унија со Англија.
– Унијата на Обединетото Кралство за мене е најголемото политичко партнерство кое светот некогаш го видел. Би било штета да се изгуби таа сила, таа магија на нашата унија, рече Џонсон.