Додека македонските т.н. медиуми се обидуваат во вестите од соседството за корона кризата да извадат контекст кој ќе ја релативизира катастрофалната состојба во Македонија, вчера во Србија биле направени 6 819 тестирања од кои позитивни биле 163 тестови или само 2,4 отсто.

Тоа би било еднакво на состојба во која ние при 1 500 тестови би имале 35, а не најмалку 100 позитивни (во оптимистичка варијанта).Сепак, и српските власти признаваат дека тоа е најмал број заразени од 25 јуни. На пример, вчера во Србија имало 236 позитивни.

Сепак, и покрај „драматичните“ вести од Србија кои се пренесуваат во „Северна“ (на пример за редиците за тестирање кои ги има на „Торлак“, а причината за редиците е во фактот дека тоа е институција каде не се врши закажување, а резултатот се добива истиот ден), податоците велат дека од почетокот на кризата, во Србија се тестирани 754 143 лица или околу 10 отсто од населението, што би одговарало на 200 000 тестирања кај нас (имаме направено околу 100 000 тетсови).

Од вкупно тестираните во Србија, позитивни биле 28 262 лица или некаде околу 3,5 отсто. Кај нас процентот на позитивни е околу 10,5 отсто.