Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оствариле работна средба, како што се вели во соопштението, во конструктивна атмосфера и заклучиле дека има добри основи за напредок.

Средбата се случила по доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот Стево Пендаровски за формирање влада, повторно без присуство на јавноста.

Средбата се случила по добивањето на мандатот, кога според објавата Заев имал тричасовна средба со Ахмети, на која присуствувале и партиските секретари, Љупчо Николовски и Артан Груби, според заедничкото соопштение во кое се наведуа дека средбата била во „конструктивна атмосфера и заклучиле дека има добри основи за напредок“.

„Во конструктивната и продуктивна средба се постигнати основи за напредок кој носи до договор за коалиција за нова европска влада, посветена на евроинтеграциите, економијата, еднаквоста и владеењето на правото“, се вели во соопштението.

Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на партиските секретари.