Вредноста на злато денеска првпат по деветнеделниот раст забележа пад на њујоршката берза „Комекс“.

Цената на златото за испорака во октомври се намали за 0,25 проценти или за 4,95 долари и се тргуваше за 1.965,45 долари за унца.

Вредноста на златото минатиот петок забележа историски рекорд од 2.089,2 долари за унца.

И цената на среброто за испорака во септември е намалена за еден отсто и се тргуваше за 22,442 долари за унца.