Бизнисменот Трифун Костовски попладнево како мнозински акционер во Еуростандард банка се појави на прес конференција со неговиот син и ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.
Поточно тој го обвини Николче Петковски поранешниот претседател на управниот одбор за пропаѓањето на банката. Според него Народната банка е неспособна и донела избрзана одлука.
Најавија кривични пријави против претходниот управен одбор и најавија дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција.