Тајни документи со сите прислушувани разговори до 2016 година исчезнале од УБК. Овластениот експерт на шведската компанијата „Ериксон“ кој во беше пратен во Македонија во 2016 година, при проверката на апаратите за следење на комуиникациите утврдил дека било направено текстуално архивирање на податоците во системот, односно сите податоци односно разговори од базата биле текстуално симнати, но тој во серверите не го нашол тој фајл, известува ТВ Ал сат за денешното рочиште во слулајот Таргет – тврдина во кој е обвинет и Сашо МИјалков, екс директор на УБК.

Погоре цитираното е од исказ на вработен во македонската подружница на „Ериксон телекомуникации“.

А, како да се направи такво архивирање на податоци, вработениот во „Ериксон телекомуникации“ бил прашан од инженери во УБК.

„Тоа од нив го барале нивните шефови. Ме однесоа во собата каде се серверите и на уредот на „Оне“ направив архивирање на податоците за 2014 година. Ми беше речено дека тој фајл ќе остане на тоа место додека не биде најдено соодветно место за чување“, изјави сведокот на денешното рочиште.

УБК од 2012 година има четири системи за следење на комуникациите. Два биле во „Телеком“, а по еден во тогашните „Вип“ и „Оне“. Пристап до серверите имале тројца вработени во „Ериксон“, а едниот од нив денеска во судот рече дека биле набљудувани од припадници на УБК додека работеле на апаратите. Судскиот процес за прислушувањето и уништувањето на опремата „Таргет – Тврдина“ е во фаза на докази од обвинителството. Истите обвинители кои работеа на овој случај во СЈО, продолжија да го застапуваат пред суд. Обвнето е раководство на МВР, меѓу кои Гордана Јанкулоска како министерка и Сашо Мијалков како шеф на тајната полиција.