Патриотот Кристијан Јандриоски од скопската населба Ѓорче Петров, во статус на Фејсбук денеска напиша дека е „време да ја плати цената за непокорот“.
Тој, како што објави на Фејсбук, својот патриотизам ќе го плати со казна затвор која му ја изрече судот, а веќе добил и упатен акт за извршување.
-Време е да ја платам цената за непокорот. Ебати животот ако не си спремен да умреш за неа. #НикогашСеверна ?⚫, стои во објавата на Јандриоски на Фејсбук.
Тој на социјалните мрежи е активен критичар на актуелната власт и нескриено ги истакнува патриотските чувства спрема Македонија и се што е македонско.