СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како „талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри. Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце, стои во соопштението на ВМРО-ДМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа.

Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија.

Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ