Лидерот на британските конзервативци, Брендон Луис побара поранешниот секретар за надворешни работи, Борис Џонсон, да се извини заради изречените навреди за муслиманките кои носат бурка.

Џонсон вчера за „Дејли телеграф“ рече дека е за забрана за носење бурка на јавни места оценувајќи дека тоа што го носат е глупаво и чудно. Жените што носат бурки тој ги спореди со „поштенско сандаче“ или со „ограбувачи на банки“.

Заменикот министер за надворешни работи, Алистер Бет, рече дека изјавите на Џонсон „се навреда“. Сајида Варши, поранешна потпретседателка на партијата смета дека изјавата е намерно дадена за да ја добие поддршката на десното крило во партијата.

-Ова се наврдливи коментари, но и мудра стратегија –рече Варши.

Таа додава дека станува збор за „ист стил на нетолеранција усвоен од Бенон (поранешниот советник на Трамп) и Трампова тактика која се инфилтрира во британската политика.