Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше хоспитализирана поради здобиени полесни повреди во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила во тунелот Кастелец, а Пирц Мусар била однесена во болница во Изола.
Според полициската управа во Копер, во несреќата што се случила во петокот околу 17 часот на крајбрежниот автопат, учествувале две службени полициски возила кои патувале во конвој што придружувал заштитено лице.
Според досегашните информации, во несреќата се повредени две лица, од кои едното се здобило со полесни, а другото со тешки повреди.
Во тек е истрага за причините за несреќата, соопшти полицијата во Копер.
фото: архива




