Викаш Петре е пијандура, реплицираше вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на објава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук.
– Инспириран од „одговорот“ на мојот претходен статус на ФБ на гласноговорникот дпмновски (а и коментарите на верната им простачка публика): Кога си интелектуално инфериорен, кога немаш аргументи да одговориш, кога те боли вистината или кога едноставно немаш одговор на сопствената глупост, викаш: Петре е пијандура. Јас тоа го читам: глуп сум (и тоа бајаги глуп кога е Шилегов во прашање), не знам како да му одговорам на Шилегов на фактите негови, мака ми е што не сум толку успешен, способен и паметен како него, па ај ќе викам дека Шилегов е пијандура… Терајте вморончиња (а и некои други), далеку ќе стасате. П.С. За да си портпарол на партија, треба бајаги да пораснеш. Висок и пораснат не е исто, пишува во репликата Шилегов.
Прв почна Шилегов, со „духовити“, „вселенски“ и „сателитски“ навреди кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со денешното преминување на дел од раководството на Интегра во оваа партија. Откако Стоилковски му одговори соодветно на „духовитоста“ на Шилегов, градоначалникот на Скопје распука со уште „подуховити“ навреди.
Најпрво Шилегов на својот профил објави статус „ДПМНЕ – сателитска“, а на тоа Стоилковски му одговори „SDS алкохоличарска“. Потоа распали „интелектуално супериорниот“ Шилегов.