Договорите за нормализирање на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин нема да доведат до мир на Блискиот Исток, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Тој истакна дека продолжуваат страдањата на Палестинците.
– Условите за постигнување на мир на Блискиот Исток се САД и Израел да го признаат правото на палестинскиот народ да создаде независна држава со главен град Источен Ерусалим, како и да биде решено прашањето со палестинските бегалци, посочи Абас.