Сцена од пауза при денешното рочиште од судењето за масовното прислушување во кое обвинет е и Сашо Мијалков, екс директорот на УБК, а обвинители се екс обвинители од СЈО, натоворани со незаконските бонуси за кои има само некаков фингерај од предистрага.
Просторијата инаку е исполнета со „жртви“ од незаконското прислушување во кое според обвинението го вршел Мијалков, најмногу новинари. Ете, тој мнгу сакал да чуе и што зборува по телефон Катерина Цаневска, која ја гледате во друштво со екс министерот Горан Сугаревски, исто така, многу битна фаца за прислушувачите. Во тек ан днеов можевме да чуеме и прочитаме и за „тажните “ приказни на другите жртви, посебно меѓу новинарите. Интересно, Мијалков го прислушувал дури и братучедот Груевски, ама не и неговиот тогашен ортак Орце Камчев иако често беше обвинунан од тогашните опозиционери за криминални шеми со олигархот.
Инаку Мијалков се прислушувал и сам себе. Засега нема пријавено барање за отштета, ниту тој како приватен тужител с епридружил на тужбата против себе.
На фотографијата, Мијалков е снимен како разговара со Борјан Јовановски, поради што денеска е изложен на потсмев по социјалните мрежи. Една од реакциите е дека подоле од ова не се може.
к
Инаку, како прислушувани се јавуваат и некои личности кои биле прислушувани и во перидот пред 2001 година, за што Бранко Црвенковски, во јануари 2001 годиа, ја обвини Доста Димовска, другарка на Љубомир Фрчкоски и експонент на Сорос, подоцна обвинета од Љупчо Георгиевски дека всушност соработувала со српските служби, а не со бугарските што често се ставаше на товар на самиот Георгиевски и тогашното ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа прислушување беше вовед во војната што ОВК на Али АХмети ја започна со Македонја и која доведе до Рамковниот договор, до двојазичноста, најпрвин во Скопје, а од пред три години и до Тиранската платформа по што двојазичноста е введена и на ниво на цела држава. Следен чекор е поделба на Македонија.
Ова прислушување за кое повторно е обвинето ВМРО-ДПМНЕ, беше вовед во смена на името на државата и бришење на македонскиот народ.