Вечерва во „Клан Македонија“ се дебатира за зголемувањето на цената на електричната енергија, односно зголемувањето за 7,4% на електричната енергија за домаќинствата.
Панелисти во дебатата беа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази.
Кренар Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните, симболично, додека се одржуваше дебатата, му подари бубрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.
Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.