Параглајдерист од Украина вчера преживеал пад со параглајдер на планината Галичица, но се здобил со тешки телесни повреди и е згрижен во болница.
Како што соопшти полицијата, на 8 август 2018 година во 14.50 часот, вработен во националниот парк „Галичица“ пријавил дека под врвот Баба на планината Галичица забележал параглајдерист кој паднал на карпа.
Полициски службеници излегле на местото и го пронашле лицето О.В.(37) од Украина, кој бил во контактибилна состојба. Во разговор тој изјавил дека во непосредна близина на превојот на место викано Баба паднал и се здобил со повреда на зглобот од десната нога и во пределот на половината.
Од страна на планинската спасувачка служба од Охрид лицето било извлечено, а од екипа на Итна медицџинска помош било пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување надвор од животна опасност.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.