Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Русија.
Триесет и петгодишниот Британец постави нов рекорд на автодромот во Сочи. Тој еден круг возеше за 1,31.304 минута. За него ова е 96-та пол-позиција во кариерата.
Макс Верстапен од Ред Бул стигна до второто место, додека Валтери Ботас (Мерцедес) се најде на третото место.
Од 4. до 10. позиција се најдоа: Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли и Александер Албон.
Главната трка за руското Гран-при од шампионатот во Формула 1 ќе се вози утре со почеток во 13:10 часот.