Австрискиот канцелар Себастијан Курц предупреди дека Австрија наскоро може да се соочи со 6.000 новоинфицирани лица на ден, што може значително да ја промени ситуацијата во болниците.
Во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“, Курц рече дека ситуацијата во Австрија се влошила, дека другите земји веќе имаат мерки за ограничувања и дека Австрија во моментов се обидува да оди по „средниот“ пат.
Истакнувајќи дека многу граѓани ја набудуваат моменталната работа на болниците и велат дека илјадници легла се уште се слободни, канцеларот рече дека проблем е силниот раст на бројот на заразени, како и што значи таков развој.
„Времето на удвојување беше три недели, а сега е намалено на максимум две недели. Во моментов имаме 3.000 нови инфекции на ден, а наскоро може да имаме и 6.000, а потоа ситуацијата во болниците би изгледала сосема поинаква”, објасни тој.