Еден од најголемите конкуренти на Хабиб Нурмагомедов – Конор Мекгрегор – испрати многу емотивна порака на социјалните мрежи по веста дека „Орелот“ ќе стави крај на својата кариера.
Дагестанскиот борец го победи Џастин Гејџи на почетокот на втората рунда и потоа објави дека завршува со ММА.
Конор почувствува дека се отвора „работно место“ за нов шампион во дивизијата и реши да го сврти вниманието кон себе, само овој пат со почит кон „кралот“.
„Добар настап, Хабиб. Јас ќе продолжам. Почит и сочувство за татко ти повторно. На тебе и твоето семејство. Искрено твој, семејство Мекгрегор”, напиша Конор.
Ирската суперѕвезда ќе се бори со Дастин Порие во јануари, но сега оваа борба може да биде за титулата во лесна категорија.