МИЦКОСКИ НА ТВ СТАР: Наместо за 15-те починати и 870 позитивни, ние зборуваме за типови кои пишуваат полноќни статуси!

/ 28.10.2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисија на штипска телевизија ТВ Стар каде што посочи дека Владата на Зоран Заев откако е на власт се повеќе и повеќе прави скандали, веќе граѓаните не знаат што да коментираат. Лошите потези на власта станаа нивен белег.

„Не знаеме што попрво да коментираме. Секој ден имаме се повеќе и повеќе фаули, јас не знам што повеќе да коментираме. Некако како на кондиција да не фаќаат, колку повеќе глупости прават, толку помалку имаме терен за коментирање. Затоа што било која нивна грешка да ја коментираме излегува нова грешка. Дали магариња да коментираме, дали да коментираме сирења, дали да коментираме евро за евро, дали Луј Витон чанти, дали да коментираме други работи.“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека граѓаните веќе не знаат што попрво да коментираат од скандалите на власта кои ги прави секој ден се повеќе и повеќе.

„Се чувствуваме навистина вчудоневидени од инспирацијата за погрешни потези на власта“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го опиша како дел од политичката естрада. Мицкоски потенцираше дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на полето на економијата, земјоделието и здравствената криза за да се коментираат луѓе кои на полноќ им текнува да организираат протести.

-Ние денеска наместо да зборуваме за 870 новозаболени, ние наместо денеска да зборуваме за нови 15 лица кои за жал го загубија животот поради неспособноста на Владата, за катастрофата во економијата, за дебаклот во образованието, за земјоделците кои што се буквално на колена и се плашат како ќе ја помината зимата, ние сега зборуваме за политички естрадни уметници кои во 12 после полноќ пишуваат полноќни статуси. Обичниот граѓанин не го интересира дали ќе има конгрес, обичниот граѓанин го интереси дали неговата работа е стабилна, дали ќе имаме помалку заболени од Ковид, дали ќе имаме помалку починати од Ковид, дали ќе добијат соодветно образование, здравствена нега, дали земјоделецот ќе добие навреме субвенции и откуп. Тоа се суштинските работи, вели Мицкоски.


Од истата категорија