Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, проговори за неговите шампионски амбиции за сезоната 2020/21.

– Ако ги погледнеме способностите на нашиот тим, тогаш можеме со сигурност да кажеме дека Тотенхем има доволно квалитет за да ја освои шампионската титула. Бевме близу до титулата во последните 4-5 години, но недоволно добри да се бориме за неа. Оваа сезона ретко кој ќе успее да се одвои од другите, како што тоа го направи Ливерпул минатата година. Повеќе екипи имаат шанси да се искачат на врвот на табелата, ги цитира „Goal.com“ зборовите на Кејн.

Тотенхем е петти во поредокот во Премиер лигата со 14 бода, еден натпревар помалку од лидерот во шампионатот Саутемптон, кој има 16 бода.