,,Се разбира јас не сум бил присутен на тој состанок, но тоа јас сум го слушнал дека тој Нон-пејпер беше компромис кој практично го прифатија двете страни под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел а таму бил присутен и германскиот министер за надворешни работи. Но се работи за Нон-пејпер и тоа значи дека тоа не е договор туку нешто околу намерите за тоа да се почитува и очигледно тој Нон-пејпер на крајот стана Нон-пејпер кога бугарската страна се врати во Софија, од тоа нема ништо, вели новинарот на австрискатата ТВ ОРФ, Кристијан Вершуц кој го објави нон пејперот околу кој во Берлин била постигната согласност меѓу Македонија и Бугарија, а потоа нашиот сосед го одбил.

Според тој нон пејпер мој македонската страна го прифатила, македонскиот јазик не е македонски туку е „официјален јазик според Уставот на Република Северна Македодинја“, името на државата мора да биде користено во целосна форма, значи Република Северна Македонија, а не Северна Македонија како што неофицијално го употребуваат претставниците на власта во РМ и нивните новинари и третиот услов за кој е постигната согласност е дека ќе има посебно поглавје во преговорите во ЕУ за добрососедските односи.

Според докиментот, Македонија е подготвена официјално да изјави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година.

,,Јас лично мислам дека сите се уморни од историските прашања во врска со Македонија. Тоа го видовме во случајот со Грција кога никој во ЕУ не ја разбра суштината на спорот и ако сега ги гледаме овие барања од Бугарија тоа е уште помалку разбирливо. Единствено јас не можам да оценам колку Германија, пред се, и другите земји се подготвени да вложат енергија да извршат притисок врз Бугарија и Софија да го прифати овој Нон-пејпер и оваа рамка за да почнат преговорите. Тоа не можам да го оценам.

,,Јас лично мислам дека тоа е многу малку веројатно за тоа да се има разбирање ако ја погледнеме само историјата на сите овие спорови, од Пиранскиот залив помеѓу Хрватски и Словенија до спорот околу коњаникот Александар. Мене ми се чини дека голем дел од земјите на ЕУ немаат разбирање за тоа каков корен има некој јазик, тоа да биде пречка за почеток на преговори.

Со Вершуц за Канал 5 разговарал Игор Манасиевски.