Спортскиот коментатор Тони Стојановски на крајот од историскиот натпревар на македонските фудбалери, на публиката и се обрати со моќни зборови!
“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА…! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – истакна коментаторот.