40 годишниот Џанлуиџи Буфон, кој ова лето од Јувентус премина во ПСЖ, на првиот натпревар против Каен, во своето лигашко деби за новиот клуб, покажа дека годините за него се навистина само бројка.
Со одлична одбрана на потенцијален автогол во 44 минута, покажа дека се уште не е за фрлање.
ПСЖ уверливо славеше против Каен со 3:0, а една од најголемите закани кој голот на Буфон беше неговиот соиграч Тиаго Силва. Имено, дефанзивецот на ПСЖ со глава се обиде да ја врати топката кон својот голман, што го натера Буфон добро да се истегне и да ја сочува својата мрежа.
Thiago Silva tries to sneak one past Gigi Buffon #PSG #psgsmc pic.twitter.com/zMWVQSDVMW
— Jonah Takalua (@Destaquito2) August 12, 2018
Можеби само сакаше да ги тестира способностите на својот нов соиграч, а со ваква врвна реакција, Џиџи сигурно го помина и тој тест.
Буфон во ПСЖ пристигна пред нешто повеќе од еден месец. Откако помина 17 година и 656 настапи за Јувентус, тој одлучи кариерата да ја продолжи во Франција. Ова му беше прв официјален натпревар за парискиот клуб во домашното првенство, а ако вака продолжи, ПСЖ сигурно лесно ќе ја одбрани титулата во првенството.