Шведска, земјата која не се затвори односно која применуваше благи мерки на ресртрикација против корона вирусот, надевајќи се дека така ќе постигне колективен имунитет, и која поради тоа беше критикувана, според последните податоци има помалку заразени и помалку починати од Ковид 19 од Македонија, која пролетта примени мошне строги карантински мерки.

Така, Шведска има 17 520 позитивни на милион жители, додека Македонија стигна до 22 584 позитивни.

Она што е потрагично за нас е дека Шведска има 609 починати на еден милион жители, а Македонија без денешните 40 жртви има 630 мртви. Ние имаме 12 отсто пад на БДП, Шведска има 8 отсто пад. Нема податоци дали Шведска имала потреба да се задолжува, а ние потрошивме 1,2 милијарди евра земени како кредит за да се намалат последиците од затворањето.