Врнежи од снег ги зафатија југот и истокот на Австрија и предизвикаа проблеми на повеќе патишта.
Обилните врнежи почнале во текот на ноќта во јужниот дел на земјата, а потоа снегот стигнал и до истокот, а со тоа и во главниот град Виена.
Во Виена прво врнел леден дожд, кој се претвори во снежни врнежи, поради што улиците биле лизгави.
Во многу делови на Австрија, воведена е обврска камионите да возат со ланци, бидејќи во повисоките области паднаа повеќе од 30 сантиметри снег.
Во Штаерска снегот предизвика повеќе сообраќајни незгоди, поради што патиштата беа привремено затворени.