Реал нема да го ослободи Модриќ во Интер додека не го купи Ериксен

/ 15.08.2018

Реал е подготвен да го пушти Лука Модриќ во Интер кој веќе неколку недели се обидува да го купи хрватскиот репрезентативец.

Како што објави Скај Италија, раководството на европскиот шампион ќе го ослободи Модриќ само ако најде замена за него.

Според изворот, идеална опција за алтернатива на Модриќ е фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Сепак, Тотенхем не сака да го продаде 26-годишниот Данец за помалку од 200 милиони евра.

Пречка за овој трансфер е и завршенито летен преоден рок во Англија и неможноста Тотенхем да донесе замена за Ериксен.


Од истата категорија