Македонија годишно плаќа повеќе од 8 милиони евра за 1.300 рамковно вработени кои седат дома, а земаат државна плата.
Според официјалните бројки во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1.500 лица. Секој од нив во просек зема по 6.300 евра годишно, односно повеќе од 500 евра месечно. Денеска Владата објави дека им нуди две шанси за да почнат со работа, а ако не ги прифатат ќе добијат отказ.
Според законот, државата мора да им понуди најмалку иста плата, но не и пониска од онаа која претходно ја земале. Затоа во предлог буџетот за 2021 година предвидена е слична сума како за годинава – односно 9,3 милиони евра за 1.430 вработени.
За 10 години рамковните вработувања, за седење дома и земање плата, Македонија ја чинат околу 90 милиони евра.