Иранските власти извршија смртна казна над новинарот Рухолах Зам (47), кој со своите текстови ги инспирирал протестите во Иран во 2017 година.
Како што пренесуваат странските агенции, егзекуцијата се случила рано утрово, откако прогонетиот Зам се вратил во Техеран под мистериозни околности.
Иранскиот суд му ја изрече најтешката казна на новинарот во јуни годинава и ја образложи својата одлука со изрекување казна за „светска корупција“, што е формулација со која се категоризираат дела поврзани со шпионажа и обиди за уривање на иранската влада и држава.
Руколах Зам е син на шиитскиот свештеник Мохамед Али Зам, реформатор кој беше во владата во раните 80-ти години од минатиот век по соборувањето на иранскиот шах Реза Пахлави и кој јавно ја ускрати поддршката за неговиот син по обвинувањата на владата во Техеран.