Американската фармацевтска компанија „Модерна“ очекува ЕУ да ја одобри нејзината вакцина против Ковид-19 кон средината на следниот месец и подготвена е веднаш потоа да започне со дистрибуција, изјави денеска шефот на нејзиниот европски оддел Дан Станер.
– Очекуваме одобрение за земјите од ЕУ, а со тоа и за Германија на 12 јануари, нагласи Станер.
Тој истакна дека „штом ќе добијат одобрение, ќе можат веднаш да вршат испорака“.