Денеска Советот на јавни обвинители, со одлуката со која ја потврдува одлуката и работата на ЈО за случајот со сообраќајката кај Млечен, во кој загина еден човек, а извршителот е казнет само со условна казна, покажа дека целиот правосуден систем е под стегите на Заев и дека неговата правда е неправда за народот.
Советот на јавни обвинители не зема за сходно да ги провери наводите на жртвата, сопругата на починатиот, и го одоброволи селективниот пристап во постапката, во која не се прибрани докази за губитокот на плодот на сопругата на починатиот, ниту пак тоа дека извршителот избегал од местото на настанот без да пружи помош.
Советот на јавни обвинители уште еднаш покажа дека нема правда додека Заев е на чело на државата.
Правниот систем е трул, а владеењето на правото не познат поим.
Со Заев во Македонија нема правда, туку неправда за народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ