РИСТЕСКИ: Власта на премиерот, кој лаже повеќе од Итар Пејо, дозволи тутунот наместо како жолто злато да се откупува како `рѓа

/ 17.12.2020

Жолтото злато кое го држам во рака од кое живеат многу прилепчани и многу Македонци посебно во Пелагонискиот регион денеска, вчера, утре се откупува како `рѓа, не како злато, рече пратеникот  Петар Ристески, од ВМРО-ДПМНЕ на денешното негово обраќање во Собранието.

Тој говореше за проблемот кој го имаат тутунопроизводителите и предложи власта да го реши овој проблем уште денеска.

-Денеска во мојот крај, во мојот град има големи протести. Колега Павле Трајанов тутунот е маката на мојот град, тоа е маката на моите сограѓани. За овие кои ги поддржувате, кои ги лажеа моите сограѓани, кои што ги лажеа тутунарите пред изборите и му ветуваа баснусловни суми откупни, му велеа ваше е само да произведете, а наше е понатаму како ќе се справуваме со откупот и никогаш нема да остане понатаму неоткупен земјоделски производ. Сега што се случува? Истиот тој премиер кој лаже повеќе од Итар Пејо и Насредин Оџа заедно овде изгласавте закон за тутун со кој се дозволува увоз на тутун од соседните држави од надвор, а домашното производство да остане да скапува или да се откупува по никакви цени. Жолтото злато кое го држам во рака од кое живеат многу прилепчани и многу Македонци посебно во Пелагонискиот регион денеска, вчера, утре се откупува како `рѓа, не како злато. Цената од 220-230 денари која ја имавме низ годините, 12 години немаше никаков проблем со откупот на тутун во Македонија, а сега се откупува за 120-130 денари, рече тој.


Од истата категорија