Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, посиромашни од Македонија се само Албанија и Босна и Херцеговина, со БДП од околу 31 отсто од просекот на ЕУ, објави Еуростат.
Тоа значи дека на овие земји ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал.
Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во однос на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47 отсто од просекот на ЕУ.
Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што БиХ тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско