Протест на моторџиите во Скопје против пресудата за сообраќајката кај Млечен ресторан, во која пред две години животот го загуби Гоце Димитриевски, а со тешко повредена беше неговата сопруга Наташа, која го загуби и нероденото бебе.
Протестотот е знак на незадоволство со пресудата во која Васил Чорбаџиев доби условна казна иако во моментот на несреќата преминал преку две полни линии и удрил во моторот на Димитриевски.
-Со мото протестот, ние, мото клубовите и поединци од Македонија, сакаме да ја предупредиме јавноста и институциите дека владее недозволива неказнивост на сторители на тешки кривични дела кои завршуваат со смрт во сообраќајни несреќи каде инволвирани се мотоциклисти. Сообраќајните незгоди можат да му се случат на секого, вклучувајќи не и нас мотоциклистите, но секој треба да одговара за своите постапки. Во изминатите години сме сведоци на многу случаи во кои мотоциклисти гинат на патиштата низ Македонија, а одговорните лица не ја добиваат заслужената казна, велат моторџиите.