По долго боледување, на 84 години, утрово почина поранешниот владика Горазд, првиот митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, објави СМК на својот профил на Фејсбук.

Вечното почивалиште на митрополитот Горазд ќе биде во манастирот „Свети Пророк Илија“ во Чардак, а од 9 часот ќе се отслужат Заупокоена литургија и Опело во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар во Скопје, об

Митрополитот Горазд, со крстено име Богољуб Димитровски, е роден на 21 септември 1936 година во кумановското село Стрезовци. Основно образование завршил во родното место, а Богословија завршил во манастирот Раковица кај Белград. Во 1964 дипломирал на Богословскиот факултет на Белградскиот универзитет. По дипломирањето дошол во Скопје и извесно време работел како службеник во Македонската архиепископија.

По ракополагањето во презвитерски чин, бил поставен за парохиски свештеник при храмот „Света Петка“, а подоцна и во храмот “Свети великомаченик Георгиј“ во скопски Чаир. Откако станал вдовец, бил замонашен во манастирот “Свети великомаченик Георгиј” во Криви Дол, Скопје, добивајќи го името Горазд, по еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј.На 26 јули 1977 година бил хиротонисан за викарен епископ на архиепископот Доситеј, со титула Епископ тивериополски.Извесен период бил митрополит струмички, а во 1994 година востоличен за прв митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – Јустинијана Први.

Од активна архијерејска служба се повлече во 2006 година.Бог да го прости и нека ја насели неговата душа во царството небесно. Амин!