Највисоките претставници на ЕУ го поздравија потпишувањето на договорот за регулирање на идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
„Ова беше долг пат. Сега е време да го оставиме Брегзит зад нас. Нашата иднина е создадена во Европа“, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека „сега е време за ново поглавје и нови односи“ меѓу ЕУ и Велика Британија.
Главниот преговарач на ЕУ во разговорите со Лондон, Мишел Барние им се заблагодари на преговарачките тимови од двете страни, како и на институциите на ЕУ, за „посветеноста и довербата“ покажана во последните четири години, колку што траеја разговорите за отцепување и идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
„Секоја личност има своја улога во градењето на единството на ЕУ и ви благодарам за тоа“, напиша Барние на Твитер.