Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница со пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Зоран Заев дали во периодот од завршувањето на парламентарните избори се до конституирањето на парламентот се обидел да купува пратеници.

„Дали е вистина или шпекулација тоа што после изборите од јули до конституирањето на парламентот сте направиле обид да купите пратеници преку струмички пајташи за цена од 300 000 евра. Се работи за двајца пратеници од власта кои не се од СДСМ и тројца од опозицијата кои не се од ВМРО-ДПМНЕ“, праша Апасиев.

Апасиев одговори дека партијата има докази, но дека чекаат да падне власта за да ги процесуираат .

„Имаме докази само чекаме да падне власта и ќе ги процесуираме, бидејќи досега поднесовме четири кривични пријави и ниту една не е процесуирана“, рече Апасиев.