Околу девет милиони луѓе го гледаа новогодишниот говор на Ангела Меркел на телевизија, јави ДПА.

Шеснаесеттото новогодишно обраќање, веројатно последното за Меркел како канцелар на Германија, го следеле 4,49 милиони гледачи на телевизијата А -Ер-Де и 4,33 милиони на телевизијата Це-Де-Еф.

Тоа е значително поголема публика од нејзиниот говор минатата година, кога имаше 5,1 милиони гледачи пред екраните.

Во Германија ќе се одржат парламентарни избори на 26 септември, на кои Меркел нема да се кандидира. Иако ова беше претставено како нејзино последно новогодишно обраќање, постои веројатност за уште едно како в.д канцелар ако нема јасен победник при гласањето и ако преговорите за формирање коалиција траат премногу долго.